За Нас

НАШИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ

ПН МЕТАЛ

Компанијата ПН МЕТАЛ е основана од г-дин Новко Плаќаноски во 2003 година,

180 вработени се директно ангажирани во производствениот процес и повеќе од 100 вработени се вработени во малите компании кои произведуваат делови инкорпорирани во производството на финалниот производ.

Основната програма на ПН МЕТАЛ е производство на печки на пелети. Грејните тела на пелети се испорачуваат и продаваат во земјите од Европската Унија.

Производството се одвива во три фабрики со вкупна површина од 25.000 м2.

Контролата на производот е наш приоритет и е поставена на високо ниво. Се спроведува во согласност со контролните планови на секој дел од производниот процес. Конечно во производниот процес се врши контрола на склопување со помош на специјален софтвер за откривање на неисправните електронски компоненти.

Сите електронски компоненти вградени во нашите производи се со потекло и ги поседуваат потребните стандарди и сертификати од Европската Унија.

Развојните планови на ПН МЕТАЛ опфаќаат прифаќање на технологијата на топлински пумпи и инвертери.

Подготвен е концепт план во неколку чекори и вклучува анализа на постоечката опрема и техноекономска анализа на потребите на новата технологија.

Не можеме да го промениме почетокот на животот, но можеме го промениме квалитетот на животот.